Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
До крајот на оваа недела повеќето места во државата ќе бидат во портокалова фаза поради опасноста од високи температури.
Владата ги усвои препораките од работа да бидат ослободени лицата над 60 години.
Почитувајчи ги овие одредби, Здружението на пензионерите од Кочани донесе одлука да не работи со 21 јули (недела), а од понеделник, 22 јули, продолжува со претстојните активности.
Им се препорачува на сите пензионери дека своите права и бенефиции можат да ги остваруваат од идниот понеделник.
На единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центарот за социјални работи, им се препорачува во овој предиод да им пружаат помош на осамени, стари и изнемоштени лица, се додека трае топлотниот бран!