Радио Кочани
Кочани

24 часа урбан здив во Кочани

675

Во центарот „Аква“ денеска, во рамките на општинската манифестација по повод Петровден, се одржува традиционалната Берза на винили, како дел од мултимедијалниот настан насловен „24 часа урбан здив“.

Ова е четврта по ред Берза на винили, која, според организаторот Тошо Филиповски сѐ повеќе станува регионална.

– Нашата тенденција е да доаѓаат што повеќе луѓе од што повеќе државиНа учесниците им се допаѓа амбиентот и гостопримливоста на Кочани, па ќе се трудиме да ја одржиме оваа приказна и да ја развиеме во културно лето, вели Филиповски.

Годинава на Берзата на винили има 13 учесници од Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора и Македонија. Тие нудат музика на сите физички формати: плочи, цедеа, касети, музика од сите жанрови, нови и стари изданија и од пред четириесетина години, како и реизданија.

Берзата на винили е придружена и од изложба на фотографии на македонски рок-бендови, односно на лидери на бендови на формат канвас, коишто беа дел од изложбата што Филиповски ја организираше во Сараево, а летово ја претставува низ Македонија.

Придружни содржини на Берзата на винили се настапи на диџеи од Бугарија, Србија, Грција, како и локални диџеи, потоа акустичен концерт на „Културно-уметнички работници“ – 40-минутно претставување на нивниот албум и преслушување на неколку плочи издадени оваа година од издавачката куќа „Корпус деликти рекордс“.

Мултимедијалниот настан е една од последните содржини на манифестацијата што ја организира Општина Кочани по повод празникот Петровден.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio