Радио Кочани
Кочани

По повод Петровден маратонецот Илиев го преплива езерото Гратче

656

Kавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, по четврти пат го преплива езерото Гратче. Со поддршка од СЗР „Кочански рибар“ Илиев пливаше грбно, краул и пеперутка, по сончево и исклучително топло време.

Лекарот и продолжувач на традицијата на македонското маратонско пливање им порача  на граѓаните да ги користат условите со кои располага Кочани и што повеќе да ги практикуваат и спортските и рекреативните пливачки активности.

Градоначалникот Љупчо Папазов му изрази благодарност на д-р Илиев, кој веќе традиционално го промовира Гратче како туристички потенцијал на Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio