Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вчеравечер се спроведе дезинсекциско третирање за заштита од комарци. Се прскаше од земја, а акцијата се реализираше нешто после 22 часот.
Во втората фаза од запрашувањето од земја беа опфатени 300 хектари во градот Кочани и во селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Третирањето се изведе со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.