Старата кино сала која долги години беше надвор од употреба доби сосема нов лик, информираат од Општина Виница.
Обновената кино сала претставува модерно дизајниран простор со стандарди кои се потребни за да ги задоволат потребите на современо проектирање на филмови и изведба на драми и други театрални случувања!
Виница добива уште еден простор каде граѓаните ќе имаат можност да го надоградуваат својот културно забавен живот, смета локалната самоуправа на Виница.
Свеченото отворање е закажано за 12 јули со почеток во 19 часот.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе