Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Изминатите дваесетина дена членовите на Мото клубот „Желки“ од Кочани со своите „машини“ на две тркала направија обиколка низ Европа, минувајќи 11 500 километри низ 17 држави. Возеа од север па сè до југ, од најладните па се до најтоплите краеви на Европа.
Снимките и фотографиите кои следуваат ќе го разбудат адреналинот во вашето тело и ќе направат да посакате и вие да тргнете на една ваква незаборавна авантура.
После стартот, четирите мотора на МК „Желки“ поминаа низ Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка – се до север и најблиската копнена точка до Северниот пол – Нордкап.
„Потоа се враќавме преку Финска, ја напуштивме Скандинавија и продолживме јужно преку балтичките и останатите словенски држави: Естонија, Латвија, Литванија, Полска. Чешка, Словачка, Унгарија и Србија“, изјави за Радио Кочани, Момчило Хаџи Паунов, основач на МК „Желки“.
Главен спонзор на оваа авантура на кочанските „моторџии“ е Печатницата ЕВРОПА 92, потоа следуваат Мотоциклистичката федерација на Македонија, „Шипад стил“ од Виница, продавница за авто делови „Кар Маркет“ и „Антура“.