Радио Кочани
Кочани

Се асфалтира Кејската улица во Оризари

518

Деновиве во Оризари се асфалтира улицата „Кеј на револуцијата“.

Улицата е долга 600 м, широка 7 м, со поплочени тротоари од двете страни и веќе поставено јавно осветлување.

Проектот за улицата „Кеј на револуцијата“ опфаќа изградба на потпорен ѕид, пропусти и сливници за атмосферска вода. Изведувач на работите е „Коле транс инженеринг“. Средствата во износ од 11,5 милиони денари се од Буџетот на Општина Кочани.

Во следната фаза, оваа улица ќе се поврзе со улицата „Ангел Донев“, за што претстои јавен повик за избор на изведувач.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio