Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денеска, во 13:30 ч., во „Магнолија“ на Пониква, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ќе го отвори Летниот камп на млади информатичари „Бистри умови“.
Во периодот од 1 до 6 јули, најдобрите 12 информатичари од Македонија ќе бидат подготвувани од осуммина ментори професори по информатика за претстојните меѓународни натпревари по информатика.
Општина Кочани е поддржувач на Летниот подготвителен камп по информатика што го организира Здружението „Бистри умови“ од Кочани.