Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Дарко Михајлов – убав јубилеј 10 години успешна работа во Радио Кочани
Времето незапирливо патува, а заедно со него и ние луѓето. Едни на блиски, други на далечни дестинации, а некои просто остануваат овде на родната грутка, во градот во кој се родиле.
Кога поминаа 10 години, како да прелетаа, ми рече еден ден Дарко Михајлов кој од 2014та година по завршувањето на образованието, дојде да си ја проба среќата, овде во Радио Кочани…
– И како сега по 10 години макотрпна работа, без работно време (односно со работа во секое време), секој ден разчична и непредвидлива?
„Се навикнав, на почетокот ми беше малку непознато и неверував дека ќе се вклопам, но како минуваше времето, љубовта кон оваа професија растеше во мене.
Она што некого го иритира и му претставува проблем за мене верувајте беше вистинско задоволство.
И сам незнам кога поминаа десетте години во Радио Кочани, но знам како, како песна.
Заедно со вас и со сите предизвици.
Сакам да ви се заблагодарам и да му посакам уште многу, многу години успешна работа на Радио Кочани“.
Дојде за 6 месеци на проба, се задржа 10 години. Тоа доволно зборува за карактерот, упорноста и истрајноста на овој млад човек, еден од ретките кои се задржаа во медумската сфера.
Не само што научи да одбира музика, да монтира и продуцира, да биде на секое место во секое време, туку повремено знае да создаде и спакува сопствен новинарски осврт.
Можеби затоа и не забележавме кога изминаа 10те години работа во Радио Кочани. Можеби затоа и самиот вели не би го менувал радиото за ниту еден друг медиум.
Ти посакуваме многу здравје, успех, љубов и среќа! Дарко Михајлов – убав јубилеј, 10 години успешна работа во Радио Кочани.