Радио Кочани
Кочани

Оризопроизводителите од Грдовци на протест

1,564

Горат нивите и во кочанско Грдовци . Земјоделците велат трпиме  големи штети, бидејќи водата за наводнување од стариот и истрошен систем, не може да пристигне до нивите.

Земјоделците од село Грдовци кои  со денови немаат вода за наводнување велат дека штетите се големи на оризот и родот ќе биде драстично намален и со слаб квалитет.

Од Водостопанство Брегалница посочуваат дека водата е пуштена но забележана е кражба кај селото Прибачево и водата е пренасочена.

-Во постојана комуникација сме со оризопроизводителите и доколку не се случи некоја поголема хаварија проблемот ќе биде решен најдоцна до недела.

Д. Михајлов

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio