Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Фолклорниот ансамбл „Осоговски извор“ од Оризари со свечен настан во функција ги пушти и освети просториите каде што ќе ги извршуваат своите состаноци.
Претседателот на Фолклорниот анасмбл „Осоговски извор“, Никола Стојов истакна дека во изминатиов период со помош на граѓаните вљубеници во фолклорот ги опремиле просториите што се лоцирани до Домот на културата во Оризари.
Фолклорниот ансамбл постои од далечната 1972 година, благодарение на добро познатите браќа Стојанови, а сега младите фолклористи ја продолжуваат нивната долгодогодишна традиција.
На настанот домаќините приредија забава за посетителите, како и дегустација на традиционални јадења од Осоговскиот крај.
Д.Михајлов