Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари од 31-ви мај до 2-ри јуни учествуваа на 2 фестивала во Бугарија
50-тина членови на Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари од 31-ви мај до 2-ри јуни 2024 година учествуваа на 2 фестивала во Бугарија.
I- На Меѓународниот детски етно-фестивал ,Децата на Балканите – со духовност во Европа” одржан во Минерални Бањи, Хасково, Бугарија, членовите на Ансамблот на возраст од 11 до 14 години, освоја Специјална награда на фестивалот и Трето место за инструментален настап. На сцената во Летниот театар во Општина Минерални бањи годинава свое учество зедоа повеќе од 1.800 деца од седум земји, од кои 170 ансамбли, 30 групи, над 90 општински центри и училишта. Во текот на двата фестивалски дена беа прукажани 299 уметнички кореографии.
II – Учество на 121-та манифестација Празникот на розата одржана во Казанл’к, Бугарија. Членовите на Ансамблот имаа 4 настапи на оваа манифестација и беа дел од дефилето со над 10 илијади учесници од Бугарија и од пет држави. Ансамблот понатаму продолжува со многу активности во летниот период од годината.