Веќе, полни 68 години стојат зад ОМУ „Ристо Јуруков“ – период во кој оваа образовна установа остави неизбришлив траг во културното живеење на Кочани.
Училиштето синоќа во Мултикултурниот центар со свечена академија го одбележа својот патронен празник. Свои мигови пред публиката имаа учениците кои при тоа го покажаа своето знаење стекнато во текот на образовниот процес.
На академијата, за ученик на генерацијата во деветгодишното образование е прогласена ученичката Јана Филипова, која е дел од класата на професорката Елизабета Горгиева. Признанието ученик на генерацијата, пак, во шестгодишното образование го доби ученичката Александра Ѓоргиева од класата на професорката Јованка Милојевиќ. Пофалница за постигнати значајни резултати во текот на основното музичко образование им беа врачени на Миа Михаилов и Јован Божинов.
Директорката на ОМУ „Ристо Јуруков“, Марија Лазарова, на најдобрите во име на училиштето им додели дипломи и пригодни награди.
Претходната вчера, во МКЦ во Кочани, исто така повод патрониот празник, беше организиран заеднички концерт на родители и деца – родители кои во свое време биле дел од ова музичко училиште, а сега нивните децата ги замениле во училишните клупи.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе