За решавање на проблемите и потребите за нормално и навремено наводнување на земјоделските површини, денес извршивме санација и замена на старите и нефункционални водоводни пропусти долж патниот правец Зрновци-Виница.
Општина Зрновци е партнер на земјоделците во создавање услови за нивно нормално функционирање.
Слепата, нема и глува институција АД Водостопанство- Брегалница Кочани, освен собирање арач од земјоделците за 10 години, 10 лопати песок немаат инвестирано.
Се надевам дека во блиска иднина ќе имате отчет каде и на кој начин ги трошите парите на земјоделците, наведено е во фејсбук објава на градоначалникот Борчо Коцев.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе