Вчера ( 18 05 2024 год ) во Скопје во Спортската сала „Крсте Мисирков“ а во организација на Карате Клубот „Солидарност“ се одржа Мегународниот Турнир СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2024.
На Овој турнир учествуваа над 500 натпреварувачи од 45 клубови од Македонија, Србија и Косово.
Карате Клубот „Партизан“ учествуваше со свои натпреварувачи во категориите Кати и Кумите и освои вкупно 7 медали и тоа 1 златна, 2 сребрени и 4 бронзени.
– Злато освои Јован Арсов во категоријата Кумите Помлади Кадети ( +57 кг)
– Сребро освоија Филип Стојанов во категоријата Кумите јуниори ( +76 кг) и Никола Иванов во категоријата Кати машки родени 2016/17 и помлади.
– Бронза освоија Трајков Владимир во категоријата Кумите помлади кадети ( +57 кг), Никола Атанасов во категоријата Кумите родени 2013 год( +46 кг), Ангела Данилов во категоријата Кати родени 2012 година и Анастасова Илина во категоријата Кати родени 2016/17 и помлади.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе