Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ВО МИЗЕРНИ УСЛОВИ ВО МАЛА КУЌИЧКА КОЈА СЕКОЈ МОМЕНТ МОЖЕ ДА СЕ РАСПАДНЕ, СО КРОВ КОЈ ТЕЧЕ ПРИ СЕКОЈ ДОЖД, БЕЗ КУПАТИЛО И БЕЗ ХРАНА
45 годишниот Сане Трајчов од с. Бели живее сам во мала распадната куќа со скршен кров преку кој влегува вода при секој дожд и со напукнати ѕидови кои во секој момент можат да се срушат. Нема дрва за огрев, па и во зима живее на ладно, смрзнува и често е гладен.
Боледува од епилепсија и психичко пореметување, а од мал останал сирак. Живее тешко, сиромашно без доволно средства за храна и лекови.
Пред неколу години во градот бил претепан и ограбен, а морал да плати и судски трошоци за кои подигнал кредит кој сеуште го плаќа. Неспособен е да работи, а зема 5000 ден социјална помош, но половината ја дава за кредит.
Неможе да побара помош од своите блиски бидејќи знае дека немаат ниту за себе, па гладува со денови. Понекогаш купува ефтин леб кој го продаваат за кучињата и да го натопува во вода за да не умре од глад.
Единствено го спасува вербата воо Бога, затоа често ја посетува црквата.
Нема ниту тоалет, ниту бања, ниту телевизор, само црковни книги кои му даваат единствена волја да издржи.
-Имам епислеспија и психичко преметување. Неможам да работам ништо освен што помагам некогаш во црквата. Среќен сум кога сум во црквата, само Бог ми помага. Куќата ми е пред распаѓање, страв ми е да не падне, бидејќи секој момент може да се сруши. Најголем приоритет е да се направи ѕидот од едната страна на куќата кој е во многу лоша состојба. Купатило немам ниту тоалет, во корито се бањам понекогаш. Останувам и без леб, по неколку дена не јадам ништо бидејќи немам. Ги замолувам сите хумани граѓани кој со што може, храна, градежен материјал, брашно, облека, дрва, да ми помогне, се е добредојдено бидејќи немам ништо, рече Сане Трајчов.
Хуманите граѓани можат да донираат помош за Сане на неговата жиро сметка во ТТК банка
290500021947052