Радио Кочани
Кочани

Градежни активности на неколку локации во селото Тркање

871

Во тек се градежни активности за бетонирање улици во селото Тркање.

Изведувачот на работите, градежната фирма „Коле транс“ заврши со бетонирањето на пристапна улица „Никола Зафиров“, чија должина е 125 м., а за бетонирање се подготвува уште еден уличен крак во должина од 80 м.

Согласно Урбанистичкиот план вон населено место со намена за површински соларни и фотоволтаични електрани во местото викано Страна, во тек е пробивањето на пристапен пат низ месноста Средни Рид во Тркање.

 

Работите за пробивање на пристапниот пат во должина од околу 1 000 м ги изведува фирмата „Калина“ од Оризари.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio