Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Се работи на модернизација на железничкиот премин кај Ветеринарната станица во Кочани
Во тек се градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Ветеринарна станица“, на дел од ул. „Лазар Андонов“ во Кочани.
На преминот се поставува гумена подлога со цел да се олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот.
Поради тековните активности, до 23 мај ќе има времена измена на режимот на сообраќајот на дел од ул. „Лазар Андонов“, кој ќе биде целосно затворен. Граѓаните можат да го користи подвозникот на железничката пруга каде што има ограничување на висината за премин на возила. Надлежните служби повикуваат на зголемена внимателност кај сите учесници во сообраќајот.
Претходно, заврши модернизацијата на преминот преку железничката пруга кај Основниот суд, со што се отстранети проблемите што предизвикуваа тешкотии во движењето на возилата на овој дел од улицата „Никола Карев“.