Радио Кочани
Кочани

Во врска со настанот во Итната медицинска помош при Општа болница во Кочани, пристигна известување од управата

4,085

Ја известуваме јавноста дека од страна на управата на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност-Кочани случајот ќе биде детално истражен, доколку се констатираат некакви повреди во врска со работниот ред и дисциплина од страна на било кое вработено во нашата установа, ќе биде поведена соодветна дисциплинска постапка. Воедно ја известуваме јавноста дека пациентите и нивната здравствена заштита се врвен приоритет на специјалистичкиот и менаџерскиот тим на Општа болница со проширена дејност- Кочани и доколку се утврди дека станува збор за неукажување на прва помош потенцираме дека истото нема да биде толерирано и ќе се изречат санкции предвидени со закон.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio