Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Излетничките места се наполнија со граѓани…
Со децении наназад 1- ви мај граѓаните слободниот ден го користат во природа …
Кочанчани велат дека скарата од поодамна стана луксуз, но се трудат да останат верни на традицијата, секој според џебот.
Во однос на Денот на трудот тие велат дека во минатото работникот се ценел многу повеќе отколку денес.
Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, посветен е на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Ако се исклучат синдикалците, во Македонија главно се користи како ден за излет во природа.
Првата половина од првомајскиот ден се задржа стабилното и претежно сончево време.
Од метео прогнозата и за наредните денови се очекува нестабилно и постудено време со дожд и намалување на температурите, кои ќе ги има и за велигденските празници.