Радио Кочани
Кочани

Инсталирани две фотоволтаични централи на Пречистителната станица за отпадни води во Кочани

526

Заврши инсталацијата на фотоволтаичните централи на кровот на Пречистителната станица за отпадни води во Кочани.

Во присуство на претставници на фирмите за изведување и за надзор, на Општина Кочани и КЈП „Водовод“,  фотоволтаичните централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати беа пуштени во пробна работа.

Инсталацијата на фотоволтаичните системи на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци се реализира со проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, со грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија.

Вкупната вредност на проектот е  447.872 евра, а грантот е во износ од  223.936 евра,  односно 50 %  од вредноста на проектот. Останатата половина од средствата се кофинасирање од Општина Кочани.

Производството на струја од фотоволтаичните централи ќе придонесе да се намалат сметките за вода на граѓаните на Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio