Радио Кочани
Кочани

Миле Лефков од говорницата на митингот на ВМРО – ДПМНЕ во Кочани:„Љупчо не слуша како шумат шумите, тој слуша како шумат парите“

765

Миле Лефков, кандидат за пратеник од листата на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија, вечерва на митингот во „Паркот на Револуцијата“ во Коачни упати низа критики кон Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство иводостопанство во владата на СДСМ, обвинувајќи го дека фирми на нему блиски олигарси, после пожарите во Кочани, Берово и Свети Николе, купувале дрва по 350 до 500 денари за кубик, додека пензионерите плаќале огревно дрво за 4500 до 5000 денари за кубик.

„На Љупчо најверојатно повеќе му се допаѓа шумот на парите…зошто тогаш Љупчо не се сети на народот. Но, народот, Љупчо не заборава!“, запраша Лефков од говорницата во „Паркот на револуцијата“ во Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio