Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Отворена изложбата „Инфинити“ со ликовни дела од жени уметници од Кочани, Виница и Зрновци
Во Центарот за култура „Бели мугри“ е отворена изложбата „Инфинити“, со ликовни дела од од жени уметници. Во Салонот фоаје 2 се претставени триесетина ликовни дела изработени во различни техники: масло на платно, акрил, колаж, комбинирана техника, плакат.
Авторки се шеснаесет уметници од Кочани, Виница и Зрновци: Маја Анастасова Христова, Александра Димитрова, Марија Мицова Гацова, Оливера Атанасова, Васка Сандева, Катерина Деспот, Марија Петрова Фафа, Благица Стојановска, Катица Алексова, Нада Ѕмбова Донева, Драгана Јовевска Канго, Катерина Соколова, Љупка Коцева, Елизабета Зафирова Стојанова, Маријана Иванова и Слаџана Гаврилова.
Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој го изрази задоволството од одличниот одзив на уметниците, посебно што во изложбата се влучија ликовни творци кои извесно време живеат и работат надвор од Македонија.
Настанот го организира Општина Кочани во соработка со Центарот за култура „Бели мугри“, согласно општинскиот Локален акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2024 г.
Изложбата ќе биде поставена до 10 мај 2024 г.