Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Движење ЗНАМ – Сведоци бевме дека едноставно СЕ СЛУЧИ НАРОД! Се слушна желбата и вољата на граѓаните за промени!
На првиот круг од претседателските избори, сведоци бевме на изборно револуционерен ден, сведоци бевме дека едноставно СЕ СЛУЧИ НАРОД! Се слушна желбата и вољата на граѓаните за промени!
Во име на Движењето ЗНАМ, во име на претседателот Максим Димитриевски и во свое име, сакам да им се заблагодам на сите наши поддржувачи, членови и активисти, на сите оние почитувани храбри и чесни луѓе кои го дадоа својот глас за Максим Димитриевски, нашиот кандидат за претседател. Резултатите покажаа дека создаваме историја, Движењето ЗНАМ ЗА НАША МАКЕДОНИЈА, иако постои само 4 месеци , веќе етрета по сила политичка партија во Македонија. Тоа е така, бидејќи самото Движење ЗНАМ произлезе од потребата да ја отслика вољата на граѓаните и да работи исклучиво за интересите на граѓаните! Тоа ни’ е аманетот! За Вас постоиме, од Вас сме создадени! Народот покажа и докажа дека е храбар и одлучен за промени! Народот покажа дека верува во ЗНАМ и ЗНАМ верува во народот, постои за народот и ќе продолжи да се бори за народот!
- Ве повикувам на претстојните парламентарни избори, да ни’ ја дадете поддршката уште помасовно, да се одважите и охрабрите уште повеќе, да не се плашите ни од притисоци ни од уцени, да гласате како што Ви налага срцето и совеста. Верувам дека голем дел од граѓанството ги препознава вредностите на ЗНАМ и дека сме опција која ја заслужува Вашата доверба и го заслужува Вашиот глас.
Храбро и одлучно, на 8-ми Мај заокружете го бројот 7 за Ваши чесни претставници во Собранието, заокружете го бројот 7 за самите Вас, заокружете 7 за подобро сега и подобро утре, за достојна Наша Македонија!