Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Прес на Миле Лефков : Пратеничката канцеларија за средби со граѓаните ноќеска е разбиена
Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата , Миле Лефков, на прес конференција соопшти дека ноќеска е разбиена канцелариата на пратеникот за средба со граѓаните на Кочани. “Тоа ли е амбиент за фер и мирни избори”, запраша Лефков, обраќајки се до техничкиот премиер и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, кого го обвини дека, бидејќи се потребни врзами потписи, не сакал да стави потпис за ниту една кадровска промена во ОВР Кочани. Тоа, според него, остава сомнеж за создавање услови за не фер и не демокеатски избори