Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Заради модернизација на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Основен суд“, во периодот од 22 април до 3 мај 2024 год. ќе има времена измена на режимот на сообраќајот на дел од ул. „Никола Карев“.
Во овој период, влезот односно излезот во Кочани од правецот кон Грдовци ќе биде затворен за сообраќај.
Во интерес на безбедноста во сообраќајот, се повикуваат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времениот сообраќаен режим.