Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
В сабота, 20 април, во пресрет на Светскиот ден на планетата Земја, Општина Кочани, Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ и КЈП „Водовод“ организираат еколошка акција на потегот од месноста Бавчалук кон езерото Гратче.
Целта на акцијата иницирана од КПС „Осоговски орел“ е да се расчисти пешачката патека и да се прибере оставениот отпад од летниковниците на овој потег, со што ќе се испрати порака за правилно складирање на отпадот.
Покрај членовите на клубот, во акцијата ќе учествуваат ученици од средните училишта и вработени во локалните компании, а можат да се вклучат сите заинтересирани. Поаѓањето е од Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“, во 9 ч.
Меѓународниот ден на планетата Земја, 22 Април, се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, за да се сврти вниманието на јавноста за значењето