Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Синоќа, на Градскиот плоштад во Кочани се одржа културно-забавна програма, со која Општина Кочани го заокружи одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.
Публиката имаше можност да го проследи музичкиот настап на учениците Амит Ибраимов и Севгулана Ибраимова од Кочани, на повеќе интерпретатори, оркестри и бендови, како и стендапот со „Мртва инфузија“ од Штип. Во вечерните часови младите се забавуваа со музиката на неколку диџеи.