Радио Кочани
Кочани

На денешен ден пред 27 години почина познатиот естраден уметник од Кочани Стево Теодосиевски

1,994

Стево Теодосиевски е роден на 16 април 1924 година во Кочани. Тој беше познат македонски естраден уметник, музички педагог и хуманист.

На почетокот на 1950-тите години работи како корепетитор на програмата на Радио Скопје. Во 1954 година ја запознава Есма Реџепова која подоцна ќе му стане животна сопатничка. Во периодот од 1960 до 1989 година Стево и Есма Теодосиевски живеат и работат во Белград, а потоа се враќаат во Скопје. Низ нивниот дом поминале 47 деца кои биле израснати и воспитани во традиционален дух достојно да ги наследат своите родители.

 

Ансамблот „Теодосиевски“ има одржано повеќе од 20.000 концерти, од кои околу 2.000 хуманитарни, има издадено 108 сингл плочи, 20 лонг – плеј плочи, 32 аудио касети, 15 компакт дискови, 6 видео касети и има снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ.

 

Добитник на многу награди и признанија:

 

-Октомвриска награда на Југославија;
-Сребрен и златен медал од Претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито;
-Сребрен медал од Црвениот крст на Црна Гора;
-Златен медал за хуманист во Босна и Херцеговина;
-Златен медал на Црвен крст на Југославија;
-Награда на УНИЦЕФ на Југославија;
-Награда за животно дело на Србија и Црна Гора;
-Златен медал “22 декември”, Југославија;
-Наградата на град Скопје “13 Ноември“ од областа на културата и уметноста.

Стево Теодосиевски почина во Скопје на 9 април 1997 година.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе