Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Секаде каде одиме се чувствува ентузијазмот за промени кај луѓето, така и овде во Кочани луѓето се повеќе ни се приклучуваат во промените.
Нашиот градоначалник во изминатиот период имаше опструкции од централната власт, меѓутоа со промената на власта, верувајте дека ќе има инвестиции во Кочани. Околу 4 милиони евра предвидуваме од централниот буџет да се дадат за Кочани.
Тоа значи нова инфраструктура, нови градинки, нови улици, нови тротоари.
Исто така, предвидуваме целосна реконструкција на пругата Кочани-Велес.
Граѓаните на Република Македонија се подготвени за нова иднина за нова надеж.
Ве повикувам на 24 април сите масовно да излеземе да дадеме поддршка за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај да ја верифицираме победата со една голема излезност, односно голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за промените.