Радио Кочани
Кочани

Денеска е Благовец, еден од најрадосните христијански празници

336

Православните верници денска го слават Благовештението, попознат како Благовец, денот кога христијаните се сеќаваат на доаѓањето на архангел Гаврил, кој на Богородица и ја објави радосната вест дека ќе го роди Синот Божји.

„Радувај се, благодетна! Господ е со тебе, благословена си меѓу жените“.

Со овие зборови Архангел Гаврил и рекол на Дева Марија дека е избрана од Бога да го роди Божјиот син Исус Христос, Месијата и Спасителот на светот и човекот.

Затоа Благовештението се смета и за голем и радосен празник. Со овој настан започна историјата на спасението на човечкиот род и обновувањето на материјата.

Благовештението спаѓа во редот на празниците на Богородица и секогаш се празнува на 25 март според стариот или на 7 април според новиот календар.

Колку се почитува Благовештението кај народот, покажува и верувањето дека ни птиците денес не прават гнезда во шумата. Го слават најмногу жените, поради породување, особено неплодните жени се молат на Пресвета Богородица.

Според народното верување, сè додека не помине овој ден, луѓето се уште се плашат од зимата.

Благовештението заедно со Цветници се единствените два дена кога е дозволено да се јаде риба за време на велигденскиот пост.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio