Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Приврзаниците на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, претставник на Движењето за наша Македонија (ЗНАМ), синоќа ја наполнија салата во МКЦ во Кочани. По претставувањето на изборната програма „Максимум за Македонија“ во неколку градови од крајниот Исток на земјава, со овации беше дочекан во градот на оризот, каде покрај другото говореше за: департизација на институциите, реформи во правосудниот систем, модификација на преговарачката рамка со ЕУ и посветеност на човековите права.
Во својот говор, Максим Димитриевски повеќепати истакна дека знае како, а вие знаете кога – на 24 април!
Пренесуваме дел од неговото излагање и презентација како одговор на прашањето – зошто граѓаните на 24 април треба да го заокружат бројот 7 на гласачкото ливче: