Радио Кочани
Кочани

Збогатување на ИТ просторот и на граѓанските гласови со формирање нов медиумски центар

417
Се поврзуваат истокот и западот на нашата земја. Се споија двете локални радија „Радио Кочани“ и „Радио Пела“, во обид да се врати објективното, професионално – истражувачко новинарство. Во реализацијата на заедничкиот проект „Зајакнување на гласовите – колаборативен центар за квалетно новинарство во С. Македонија“ финансиран од ГИЗ (Германско друштво за меѓународна соработка) и ЕУ е вклучен и интернет порталот text.mk на Здружението „Новинари за човекови права“ во траење од 12 месеци.
Целта на проектот е со заеднички напори двата комерцијални медиуми – двете локални радија и невладината организација да создадат нов висококвалитетен мултимедијален  новинарски интернет простор – ИТ платформа, која што ќе обработува теми и прашања од локалните заедници преку интерактивни содржини.
Проектот „ Зајакнување на гласовите – колаборативен центар за квалетно новинарство во С. Македонија“ вклучува изработка на ИТ платформа (он лајн медиумски центар) каде што ќе бидат пласирани новинарските содржини од трите редакции од интерес на заедниците во Источниот регион – Кочани, прилепска Пелагонија и Скопје за создавање двонасочна комуникација со слушателите и читателите на медиумите.
Интерактивниот ИТ центар, покрај на македонски, содржините ќе можат да се следат и на англиски, српски и на албански јазик. Во рамките на проектот ќе се реализираат пет работилници (обуки) за медиумските работници на кои ќе се детектираат, анализираат и обработуваат специфични теми од интерес на различните локални заедници.
Проектот „Зајакнување на гласовите) финансиски подржан од ГИЗ има за цел да ги доближи уште повеќе малите локални медиуми до граѓаните, ама и да ја прошири мрежата од новинари и медиуми кои би биле дел од едно поголемо медиумско јадро покрај „Радио Кочани“, „Радио Пела“ и новинари за човекови права со порталот text.mk.

Implemented by

This publication was produced with the support of #SustainMedia Programme, co-funded by the European Union and the German Federal Ministry of Economic Coop-eration and Development. Its contents are the sole responsibility of “Radio Kocani FM” and do not necessarily reflect the views of the EU or the Federal Ministry of Economic Cooperation and Development.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio