Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Националната установа -Центар за култура “Бели мугри -Кочани во соработка со Музеј на град Скопје, организира Ретроспективната изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници Владимир Георгиевски, со поставени 20-тина дела од неговиот богат творечки опус .
Изложбата се реализира во соработка со Музеј на Град Скопје, преку мрежата „МузеумЛинк”, чија што цел е да им овозможи на што поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на уметникот.
Автор и координатор на мрежата „МузеумЛинк” е Јасминка Намичева-кустос советник од Музеј на град Скопје.
Делата за оваа поставка на изложбата се во сопственост на Фросина Георгиевска, ќерката на професорот Георгиевски, која заедно со Намичева го направија и конечниот избор на дела.