Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ГФК Осогово денеска 30.03.2024 година со почеток во 15.00 часот ќе го одигра натпреварот од 22-то коло каде нашиот тим ке биде домакин на тимот на Новаци.
Ве повикуваме во што поголем број да заедно навиваме за нашето Осогово ,со фер и коректно навивање да им дадеме мотивација на нашите фудбалери да повторно се вратат на победите.Секој следен натпревар е значаен за нашиот тим во борбата за опстанок,па затоа ги повикуваме и нашите верни навивачи СЕЈМЕНИ да навиваат за Осогово ,нивната подршка во Струмица беше значајна ,затоа и утре ги очекуваме на трибините да заеднички се радуваме на победите на нашиот тим.