Радио Кочани
Кочани

ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ СТИГААТ В ПОНЕДЕЛНИК – Еве колкаво зголемување ќе добијат пензионерите…

2,341

Вкупно 337.000 пензионери в понеделник ќе добијат за 5,3% повисоки пензии, пресметано според новата методологија.

Пресметките покажуваат дека зависно од групата пензионерите можат да очекуваат зголемување од 600 до 3.000 денари.

Најниската категорија пензии која се движи од 12.500 до 16.000 денари, во која спаѓаат 40% од пензионерите ќе добие зголемување на пензијата од  662 до 850 денари.

93.000 пензионери кои  земаат пензија од 20.000 до 32.000 денари, ќе добијат зголемување од 1060 до 1.696 денари.

Оние, пак, кои досега земаа пензија меѓу 30.000 и 50.000 денари, ќе добијат зголемување од 1590 до  2.650 денари, додека тие кои земаат пензија повисока од 54.000 денари ќе добијат зголемување од  околу 3.000 денари.

Новата методологија која стапи на сила во март 2022 година предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Усогласувањето се врши двапати во годината, односно во март и септември.

Во текот на цела мината година пензионерите протестираа поради големите разлики што се создаваат меѓу најниската и највисоката пензија до новиот начин на усогласување на пензиите. Тие бараа зголемувањето да биде линерано за 5.000 денари, а минималната пензија да ја следи минималната плата.

Вчера пензионерите од Штип повторно излегоа на протест со истото барање – линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари, а минималната пензија да не е под минималната плата

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio