Радио Кочани
Кочани

Мартовска крводарителска акција – собрани 50 крвни единици

523
Во организација на Црвен крст – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна мартовска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 50 крводарители од нив 2 првократни. Акцијата е четврта што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio