Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Продолжува субвенционираниот општински линиски превоз на патници во Кочани
По спроведената постапка за јавна набавка, Општина Кочани го продолжува организирањето општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани.
Превозот на релацијата: Оризари – Усова Чешма, Бавчалук, спој на улицата „Бел камен“ со „Страша Ербапче“ – Лесна индустрија ќе го реализира „Тасим компанија“ од Оризари. Превезувањето се реализира четирипати во текот на денот, од 8 до 16 часот, од понеделник до сабота.
Единечната цена на билет по патник за едно возење изнесува 20 денари, од кои Општина Кочани учествува со 50 %, а другите 50 %, односно 10 денари, на превозникот му ги плаќа патникот со купување билет за превоз на соодветната релација.
Договорот за организирање општински линиски превоз во Кочани е во износ од 2 милиона денари со времетраење од две години.
Општина Кочани организира јавен градски превоз од декември 2013 година, за што претходно ги изведе потребните инфраструктурни и сообраќајни подготовки.