Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вечерва во спортската сала „Сашо Лазарев-Чапо“ се одигра хуманитарен кошаркарски натпревар помеѓу средните општински училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“.
Собраните средства од натпреварот ќе бидат донирани на Здружението на слепи и слабовидни лица од Кочани. Влезницата чинеше 100 денари, а натпреварот беше организиран од страна на Општинската организација на Црвен Крст Кочани.