Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Измамен 90 -годишник од Кочани: Требало да добие огревни дрва, а останал и без парите…
На 20.03.2024 во 13.13 во СВР Штип, 90 – годишник од Кочани пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 денари. Според пријавеното, околу 12.40 часот во неговиот дворот влегло машко лице и му понудило огревно дрво по цена од 4.000 денари за метар кубен. Како што е пријавено, откако се договориле тој му ги дал парите, по што лицето заминало и не се вратило со дрвата, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.