Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
800 припаднички на понежниот пол од Амфенол на патување, за повеќе од 1 000 козметички производи
Амфенол Технолоџи Македонија, за своите вработени, по повод Денот на жената, организираше патувања за Будва и низ Македонија. Околу 800 жени вработени во АТМ имаа можност да поминат денови исполнети со дружење и посета на впечатливи места во Будва, Котор, Св. Василије Острошки…
Се патуваше со вкупно 14 автобуси, со обезбедено ноќевање во Будва а за оние кои преферираат пократки дестинации, беше организиран еднодневен престој во Лешочкиот манастир и посета на убавините на Македонија.
АТМ редовно организира вакви патувања за своите вработени, кои секогаш се паметат со убави спомени.
За 1000 жени кои повеќе преферираа да останат дома, и оваа година по повод 8 Март, од страна на компанијата беа обезбедени подароци – козметички колекции.
Како што е својствено за Амфенол Технолоџи Македонија – и овој пат сите беа испочитувани на соодветен начин.