Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Ве информираме дека спортско-рекреативната манифестација „ТОДОРОВИ ТРКИ“, ќе се одржи на 23.03.2024г. со почеток од 11:00 часот на Градскиот стадион во Виница.
Очекуваме голем број на учесници од детската градинка „Гоце Делчев“, основните училишта „Гоце Делчев“, „Славчо Стојменски“, „Никола Парапунов“ и „Кочо Рацин“, средното училиште „Ванчо Прке“, Здружение на пензионери, Здружение „Златно доба“, како и сите граѓани на Општина Виница без разлика на возраста.
Редослед на дисциплините:
1.ТРЧАЊЕ ДО 40,50,60,80,400 И 800 МЕТРИ
-до 50 метри (Здружение „Златно Доба“)
-до 40 метри ( Градинка „Гоце Делчев“)
-до 50 метри ( женски прво и второ одделение)
-до 50 метри (машки прво и второ одделение)
-до 50 метри (женски трето и четврто одделение)
-до 50 метри (машки трето и четврто одделение)
-до 60 метри (женски петто и шесто одделение)
-до 60 метри (машки петто и шесто одделение)
-до 80 метри (женски седмо, осмо и деветто одделение)
– до 80 метри (машки седмо, осмо и деветто одделение)
-до 400 метри ( женски СОУ „Ванчо Прке“)
– до 400 метри ( женски СОУ „Ванчо Прке“)
– до 800 метри , младинци
2.ТРЧАЊЕ СО ЈАЈЦЕ ВО ЛАЖИЦА—60 МЕТРИ
3.ТРЧАЊЕ СО ШИШЕ НА ГЛАВА —60 МЕТРИ
4.ТРЧАЊЕ ВО ВРЕЌА —60 МЕТРИ
5.ТРЧАЊЕ СО ВРЗАНИ ОЧИ —60 МЕТРИ
6.ТРЧАЊЕ СО ПАТЕРИЦИ —60 МЕТРИ
7.ТРЧАЊЕ НАЗАД —60 МЕТРИ
8.ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД ДО 80, 400 И 800 МЕТРИ
-до 80 метри (машки и женски од прво до четврто одделение)
-до 80 метри (машки и женски од петто до деветто одделение)
-До 400 метри (машки и женски СОУ „Ванчо Прке“)
-до 800 метри ,младинци
9.ВЛЕЧЕЊЕ ЈАЖЕ
10.ЈАДЕЊЕ НА ТОРТИНИ
За првите три места во секоја дисциплина има обезбедено награди од Општина Виница и приватните компании