Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Одржување на хигиената на јавните површини е од огромно значење за граѓаните и општината, смета градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков.
За таа цел Општината набави машина за метење и одржување хигиена на јавните површини, која ќе биде користена од страна на ЈП „Солидарност“.
Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 2 690 518 денари, од кои 1 900 000 се обезбедени од Бирото за регионален развој, а остатокот, односно 790 518 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Виница, информира градоначалникот Миле Петков.