Радио Кочани
Кочани

Реакција на ЗГ Афористичка репрезентација на Македонија на резултатите од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година

445

На 8. февруари годинава Министерството за култура ги објави резултатите од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година. За жал, проектот АФКО 2024 на ЗГ Афористичка репрезентација на Македонија не е поддржан од страна на ова Министерство.

Во соопштението објавено заедно со резултатите стои дека сите кои поднеле проекти, без разлика дали истите се поддржани финансиски од ова Министерство или не, ќе бидат писмено известени и дека одбиените имаат право на жалба. Иако од објавувањето на резултатите поминаа 20 дена, ЗГ Афористичка репрезентација на Македонија нема добиено никакво известување или решение врз основа на кое би можело да поднесе жалба. Од друга страна планираниот датум за одржување на манифестацијата АФКО 2024 (30. март 2024) е се’ поблизу а без финансии не сме во можност да ги отпочнеме планираните припремни активности.

Откако резултатите беа објавени, министерката за култура постојано е присутна во јавните медиуми каде тврди дека комисиите работеле независно и стучно и дека еден од принципите во работата на истите бил и поддршка на проектите со традиционален и докажан квалитет и со реноме. Ако е така, се поставуваат многу прашања. Дали и’ недостасуваат квалитет и реноме на манифестацијата АФКО 2024 (во поранешните години „Вечер на македонскиот афоризам“)? Оваа манифестација досега има реализирано 11 свои изданија! Може ли така долго да опстопи манифестација без квалитет? Како тоа минатогодишното издание на оваа манифестација имало квалитет и реноме за да биде поддржано финансиски од Министерството за култура а годинава ги нема?

Нешто е нејасно и нелогично … И покрај тоа што Министерството за култура не додели средства за проектот АФКО 2024, организаторот ЗГ Афористичка репрезентација на Македонија не намерава да ја лиши својата редовна публика од задоволството да проследи уште едно издание на нашата традиционална манифестација! Тоа значи дека нема да дозволиме да згасне оваа манифестација, која веќе стана бренд за Кочани. АФКО 2024 ќе се одржи во предвидениот термин.

Ги замолуваме сите љубители на хуморот и сатирата, кои имаат можност и желба, да ни помогнат во нашите напори за непречено реализирање на нашата и ваша традиционална манифестација АФКО 2024 (Дванаесетта вечер на Македонскиот афоризам).

ЗГ Афористичка репрезентација на Македонија, Јане Атанасов – Претседател, с.р.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio