Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Почна рехабилитацијата на улицата „Борис Трајковски“ во Кочани
Започнаа активностите за рехабилитација на улицата „Борис Трајковски“, од спојот со „Кеј на Револуцијата“ до спојот со улицата „Раде Кратовче“, во должина од 785 м.
Рехабилитацијата опфаќа гребење на асфалтот, санирање на дупките, решавање на одводнувањето со бетонски сливни решетки за атмосферска канализација и поставување нов асфалтен слој. Додека траат градежните активности, сообраќајот ќе се одвива според времен режим.
Стручните служби од Општина Кочани известуваат дека ќе се изврши и реконструкција на тротоарите од двете страни на улицата и ќе бидат поставени нови улични рабници. Уредувањето на пешачката површина ќе биде искористено за поставување подземна електрична инсталација.
Во текот на градежните работи ќе се отстрани високостеблеста вегетација, чии корени се навлезени во асфалтот и создаваат нерамни површини. На улицата „Борис Трајковски“ ќе биде поставена нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
Изведувач на работите е градежната фирма „Ескаваторе“, надзор – „Геинг“, а инвеститор е Министерството за транспорт и врски, со средства обезбедени од Светска банка.