Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани, празникот 8ми Март недвосмислено го искористи на дамите да им подели цвеќе и препорака за почитување на сообраќајните правила и прописи
Улогата и значењето на жената за безбедноста во сообраќајот е функционален склоп на нејзините активности како возач, како учесник во сообраќајот и како општествен чинител.
Па затоа по повод 8ми Март, меѓународниот ден на жената, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани во соработка со Општина Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“ и Полициската станица реализираа акција за безбедност во сообраќајот за жените возачи на моторни возила.
Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, возете совесно, одговорно и со верба во себе. Покажете дека сте пример за успешност во семејството, на работно место и во сообраќајот на патиштата.
Честит 8 Март!