Вчера во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа настан под наслов „Кон побезбедна и инклузивна заедница за децата преку почитувањето на правото на детето“ во организација на Здружението Двојна Надеж од Штип.
Целта на проектот е подигање на свеста и капацитетите на децата и на креаторите на јавни политики за поголема инклузивност и безбедност на децата во локалната заедница преку унапредување на почитувањето на правата на децата во склад со националните, европските и меѓународните обврски.
На денешниот настан во истражувањето се вклучи и Општина Кочани, заедно со Општините Штип, Струмица и Радовиш за одредените проблеми во врска со инклузијата во општеството, без да се кршат правата на децата. Понатаму ќе следува извештај којшто ќе се користи за идни активности.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе