Радио Кочани
Кочани

Во ЈОУ „Библиотека Искра“ одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик….

502

По повод 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, денеска воJОУ „Библиотека Искра“  , се реализираше работилница под наслов,,Мајчиниот јазик- мост помеѓу мене и тебе”.

На настанот учествуваа учениците  од сите  основни училишта од Кочани, кои на македонски, влашки, турски, ромски и бошњачки рецитираа, пееја и твореа на својот својот мајчин јазик.

 

Денешниот датум 21-ви февруари се одбележува како Светски ден на мајчиниот јазик, а беше прогласен  во 1999 година од УНЕСКО во насока на промовирање на важноста од сочувување и негување на мајчиниот јазик, но и на важноста на јазичната разновидност.

Д.Михајлов

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio