Радио Кочани
Кочани

Нова сообраќајка на експресниот пат Штип- Кочани – Виничанка заврши со телесни повреди откако излета со Комбе

4,077

Жена од Виница (40) заврши со телесни повреди откако комбе излета синоќа на експресниот пат Штип – Кочани. Нема други повредени, соопштија од СВР Штип.

Во комбето жената била сама. Сообраќајката се случила на 5 километри од клучката кај Три Чешми на патот кон Кочани.

Ова е втора сообраќајка за период од една недела, по трагичната несреќа на 14 февруари, во која загинаа 24-годишна девојка од Скопје 52 – годишен маж од Кочани, а пет лица беа потешко повредени. Двајца беа однесени на лекување на клиниките во Скопје.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio