Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ГФК Осогово денеска, на гостински терен против лидерот во Втора лига ,тимот на „Беса“, ке го одигра првиот натпревар од Пролетнот дел во Втора МФЛ.
За оваа полусезона „Осогово“ се засили со неколку играчи. Најпрвин на клубот му пристапија Екрем Мемеди од „Башкими“ и Стојче Стојов од „Каменица Саса“. „Осогово“ се засили и со Александар Трајчевски од „Каменица Саса“ (поранешен играч на Вардар, Кожуф, Слога Виница, Детонит), Климент Филев од „Караорман“ од Струга, Иван Станојев од „Слога Виница“, Александар Стоименов-голман што се врати од „Малеш“ каде настапуваше минатите шест месеци.
Од тимот на „Работнички“ нови „жолто-сини“ се Фикрет Љиварека, 19-ет годишен напагач (член на репрезентацијата до 19 год) и Андреј Љубевски одбранбен играч (член на репрезентацијата до 18 год). Овој преоден рок Осогово се засили и со младиот Јован Заревски од „Силекс“ и Михаил Стаменков од „Слога Виница“.